Ракометарите на Вардар во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во средата вечерта забележаа убедлива победа од 38:27 (21:13) против екипата на Извиѓач во рамките на деветтото колог од регионалната СЕХА лига.
Вардарци целосно ја оправдаа фаворитската улога и рутински дојдоа до победата, иако настапија со комбиниран состав, којашто повторни ги врати на чело на табелата во ова регионално натпреварување.
Најдобри кај Вардар беа Оцвирк и Војводиќ со по шест гола, додека во редовите на Извиѓач, Делиќ и Чутура дадоа по седум гола.
„Црвено-црните“ ја запишаа осмата победа во регионалното натпреварување и се на врвот на табелата со 21 бод, исто колку и Нексе и ППД Загреб.
За екипата на Роберто Гарсија Парондо сега следува натпревар во Лигата на шампионите против Киелце на први декември, во сабота, пред домашна публика во Скопје.