![mkd-328370](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/mkd-328370.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Летонската разузнавачка агенција ја обвини денеска Русија дека во изминативе години вршела сајбер напади на надворешни и безбедносни структури и други државни институции, но дека, сепак, во текот на парламентарните избори одржани викендов не евидентирала никакви напади.
Канцеларијата за заштита на Уставот на Летонија соопшти дека руската воена разузнавачка агенција (ГРУ) се обидувала да пристапи до информации преку имеил напади, објави Ројтерс. Во него се додава дека, сепак, не е откриен ниту еден напад со цел да се влијае на парламентарните избори на кои победи проруската партија „Хармонија“.
Неколку западни земји испратија минатата недела координирани обвинувања против Русија поради, како што тврдат, глобалната кампања на хакирање на разни институции, од спортски анти-допинг агенции па до компаниите за нуклеарната енергија и контрола на агенциите на хемиско оружје.