
По неуспешниот референдум, партијата Левица ја повика Владата да поднесе неотповиклива оставка, а Собранието – како распишувач на референдумот, да се самораспушти и да распише предвремени парламентарни избори.
Професорот Димитар Апасиев, член на Президиумот на Левица, на својот фејсбук профил напиша дека дури и француски претседател Шарл де Гол си поднесе оставка по неуспешниот референдум…
Дури и неприкосновениот француски претседател Шарл де Гол си поднесе ОСТАВКА по неуспешниот референдум кој тој го иницираше, обраќајќи му се на народот со следните зборови: – „Господо, ние тука завршивме! Значи, после овој случај, дефинитивно ќе биде свртена нова страница во историјата…“ – напиша Апасиев.