Норвешка одлучила да ѝ донира борбени авиони „F-16“ од американско производство на Украина за нејзината борба против руската инвазија, објави во четвртокот норвешката телевизија TV2, цитирајќи неименувани извори.
Во информацијата на телевизијата не се наведува колку авиони Норвешка ќе му даде на Киев. Норвешкото министерство за одбрана сè уште не одговорило на барањето на Reuters за коментар.
Доколку веста биде потврдена, Норвешка ќе биде третата земја која ќе донира американски борбени авиони „F-16“ на Украина, заедно со Данска и Холандија.
Норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот во Киев и најави донации на противвоздушни ракети и друга опрема, но не кажа ништо за авионите „F-16.
Норвешките воздухопловни сили минатата година приземјија флота од 57 летала „F-16“. Норвешка се согласи да продаде 32 од тие авиони на членката на НАТО, Романија, што според Штоере е конечен договор.
Дванаесет „F-16“ треба да бидат продадени на приватна компанија која се занимава со обука на американските воздухопловни сили, но тој план допрва треба да добие конечно одобрение и некои аналитичари веруваат дека авионите би можеле да бидат донирани на Украина.
Норвешкото министерство за одбрана минатата година соопшти дека преостанатите 13 авиони се прескапи или премногу тешки за поправка и дека може да се стават во музеј, да се користат за резервни делови или да завршат во отпад за да се рециклираат.
Според податоците на министерството за одбрана, Холандија во функција има 24 авиони од моделот „F-16“ кои постепено ќе бидат повлечени од употреба до средината на 2024 година. Уште 18 авиони произведени од американскиот концерн „Lockheed Martin“ се достапни за продажба, од кои 12 се веќе продадени но сѐ уште не дефинитивно.
Холандија, така има на располагање 42 авиони „F-16“, но допрва треба да реши дали сите ќе му ги предаде на Киев, рече премиерот Марк Руте откако претходно во неделата беше домаќин на Зеленски. Украина се надева дека Холандија би можела да ѝ ги предаде авионите „F-16“, бидејќи холандските вооружени сили преминуваат на повеќенаменските американски ловци од последната генерација „F-35“.
Данска ќе испорача вкупно 19 млазни авиони, а првите шест на Украина треба да ѝ бидат испорачани околу Нова годна. Потоа во текот на 2024-та, засега нема одреден временски рок, ќе бодат успорачани уште осум, а уште пет во 2025 година, рече данската премиерка Мете Фредериксен.