И официјално заврши војната меѓу Етиопија и Еритреја

Лидерите на Етиопија и Еритреја потпишаа договор дека војната меѓу овие две држави официјално е завршена, пренесе ББЦ. Со Мировниот договор е прекинат конфликтот од 1998 година, кој почна поради прашање за границите.

Декларацијата за крајот на конфликтот беше потпишана во Асмара, главниот град на Еритреја, по состанокот на претседателот Исаиас Афеверки и премиерот на Етиопија Аби Ахмед, кој беше прв меѓу двете земји по речиси две децении.

Земјите се договорија и да ги обноват трговските и дипломатските врски.

Лидерите се согласиле дека „почнува нова ера на мир и пријателство“, напиша на Твитер министерот за информации на Еритреја, Јеман Гебре Мескел.