И покрај гилемите проблеми и неизвесноста кој сѐ ќе го напушти клубот, ракометарите на Вардар во саботата го прикажа своето веројатно најдобро издание сезонава во Лигата на шампионите и славеа убедлива победа против Мотор Запорожје со 37:27.
Иако се стравуваше од пораз кој ќе ги урне амбициите за пласман во следната фаза во ЛШ, особено поради тоа што останаа без Криштопанс и Атман, но вардаровите ракометари покажаа карактер и покажаа зошто се уште се актуелни европски прваци. По лошата серија и убедливите порази во ЛШ, како и најавите за заминување на голем дел од ракометарите поради ситуацијата во клубот, Вардарци како да се препородија и неочекувано дојдоа до висока победа која сигурно ќе го врати моралот кај ракометарите, а тимот дефинитивно си обезбеди пласман во осминафиналето, иако и тоа се чинеше како неизвесно по целата драма во изминатиот период.
Носени од жестоката поддршка на публикатал Вардар одлично влезе во мечот уште од самиот старт. Избраниците на Алушевски играа одлично во нападот, погодуваа од сите позиции, а младиот Кизиќ на голот беше непремостлива пречка за Мотор Запорожје. Сето ова донесе до водство од 8:3 по само десет минути игра. По ова следуваше мал пад и црна серија, кога Мотор успеа да дојде на само еден гол негатива, но по тајмаутот на Алушевски, Вардарци повторно се растрчаа како фурија на теренот и со пет гола во низа дојдоа до 16:10, а гостите успеаја да постигнат еден гол до паузата за 16:11 на полувреме.
Вардарци ја одржуваа разликата од шест гола во второто полувреме, а потоа истата почна и да се зголемува постепено, откако Горбок, Чупиќ и Стоилов немилосрдно ја тресеа мрежата на противникот, а младиот Кизиќ се прикажа во одлично светло. Сепак, повторно следуваше мал пад во играта и Мотор успеа да намали на шест гола разлика, но играта на Вардарци почна да загрижува, а гостите успеаја да се консолидираат, па Алушовски повторно побара одмор и повторно погоди во вистинскиот момент. Вардарци успеаја да се вратат и за прв пат поведоа со десет гола разлика (32:22). Вардарци продолжија со доминантната игра и во последните десет минути, а Вардарци на три минути до крајот имаше и највисоки 36:25. На крајот и повеќе од заслужено Вардар славеше со 38:28.
Скубе со осум гола најмногу се истакна во таборот на Вардарци, Чупиќ додаде два помалку, а Дибиров и Горбок завршија со по пет гола. Младиот Кизиќ за 40 минути игра собра девет одбрани. Кај поразените најефикасен беше Пухоски со шест погодоци.
Со оваа победа Вардар повторно е меѓу најдобрите 16 екипи во Европа и ќе игра во осминафиналето од Лигата на шампионите.
https://www.ehftv.com/at/video/spectacular-combination-with-a-fantastic-finish/1877242