И покрај опструкциите од власта, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ реализираа голем број проекти за граѓаните во изминатите 365 дена

-Нормално е дека секогаш може подобро, но имајќи ги предвид околностите и ресурсите со кои располагаа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид во која ситуација се случуваше сето ова и што наследија, мислам дека направија повеќе од што можеа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски на заклучоците од политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина“.

Toj градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги нарече херои бидејќи и покрај сите опструкции од власта успеале да реализираат голем дел од проектите, додавајќи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе им биде ветер во грб и ќе ги мотивира дополнително со поддршка да продолжат со реализација на проектите за граѓаните.

– Овие луѓе се навистина херои со тоа што успееја да го направат изминатите 365 дена, нормално тука со огромна поддршка на пратениците во парламентот од ВМРО-ДПМНЕ, со огромна поддршка на советниците во советите од ВМРО-ДПМНЕ, со огромна поддршка на луѓето кои што ги водат јавните претпријатија и народот кој дополнително ги мотивира. И убеден сум дека во периодот кој што следи ќе го искористат тој мотив и ќе биде уште подобро и ќе има уште повеќе проекти, а нормално веќе и со иднината влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе им бидеме и ние ветер во грб, наместо оваа влада денеска која што опструира, рече Мицкоски.

– Ние ќе мотивираме се со цел да реализираат што е можно повеќе проекти и да продолжат онаа традиција на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е брендот ВМРО-ДПМНЕ кој што носи проекти, иновира и кој што носи подобри времиња, изјави toj.