„Бутел го менува својот изглед. Бутел го менува својот изглед на подобро, се гради, се реализира. И покрај тоа што имаме исклучително голем притисок и кратење од страна на Владата во општините каде што има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, сепак оние средства со кои што располагаат, кои што се минимални, храбро, чесно и одговорно, и посветено работење, можат да бидат доволни за да бидат реализирани проектите кои што беа ветувани во минатогодишната кампања за локални избори“ рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коој беше во посета на општината.
-Градоначалникот Костовски, кажа дека Советот изгласал одлука за емисија на општинска обврзница. Поучен од искуството од општина Штип на пример, не очекува дека, нити пак јас, нити пак тој дека ќе се смени Ковачевски и останатите министри во Владата, дека ќе дадат зелено светло за оваа општинска обврзница за да бидат реализирани проекти. Посочи Дарко дека капитален проект, уредувањето на коритото на река Серава, која што многу значи за жителите на Бутел, кои што се од овој дел на градот, ќе бидат реализирани со средствата кои што ќе бидат собрани од обврзницата и други капитални проекти. Но, тоа ништо не значи за Владата. За Липково ќе има 200 милиони денари, а за Бутел нула. За Липково ќе има 200 милиони денари, за Штип ќе има нула. Така функционира Ковачевски, така функционира оваа Влада. И тоа е лошото. Но, за среќа за неколку месеци од денеска ќе дојде крајот и на предвремени парламентарни избори народот ќе може да си избере Влада онаква каква што заслужува, и онаква каква што му треба.
Ја користам оваа прилика уште еднашка да упатам апел до Ковачевски да го напушти гневот и да ја напушти злобата, да се одважи бидејќи сепак тој е премиер, поставен како што е поставен, тоа е небитно, и да не ги трга општинските обврзници и заемите на општините каде што има градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ од владините седници и да дозволи да се обезбедат средства за да може да се реализираат проекти за граѓаните.
Додека тие крадат, овие луѓе како што е Дарко, и луѓето од администрацијата и од Општината работат, работат за граѓаните.
Затоа ако има 200 милиони пари од граѓаните за Липково, барем дозволете му на Бутел, на Штип, на Гази Баба, на Аеродром, на останатите сами да си обезбедат пари, да не бараат од Владата, сами да си обезбедат, финансирање на проектите. Ако има 200 милиони за Липково, нека има барем можност самите тие да си обезбедат некој денар за да може да реализираат проекти кои што ќе бидат за граѓаните, истакна Мицкоски.