Веќе легендарниот по своите изјави шведски фудбалски напаѓач Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена се врати од Шведска во Милано и во својот стил им испрати порака на навивачите на „Росонерите“.
„Господ се врати и ве гледа“, напиша Ибрахимовиќ на Twitter со своја фотографија.
Искусниот голгетер по доаѓањето во Италија две седмици ќе биде во самоизолација пред да ѝ се приклучи на екипата на тренинзите. Досега веќе двапати е тестиран на Covid-19 и двата наоди биле негативни.
Ибрахимовиќ поголем дел од пандемијата го мина во родната Шведска, каде тренираше во Хамарби, клуб во кој поседува 25 отсто од акциите. Навивачите на шведскиот клуб се надеваа дека ќе заигра во новниот тим, но Ибрахимовиќ се врати на Апенините.
„Имам договор со Милан и ќе видиме како тоа ќе заврши, ако заврши“, порача Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот во јануари се врати во Милан откако му истече договорт со американскиот клуб ЛА Галакси, а неговиот договор со миланските „црвено-црни“ завршува во јули.
God iZ back and watches over you pic.twitter.com/yWxN638Zbx
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) May 14, 2020