Ибраими ја преслуша и Парма

Минимална но злато вредна победа од 1:0 во дуелот против гостинскиот тим на Парма, забележа екипата на Калјари, а сите 90 минути ги одигра репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими.

Многу важна победа на незгодното гостување во Ливорно забележаа фудбалерите на Лацио, а предноста на домашниот терен, но во дуелот со екипата на Удинезе, ја искористија фудбалерите на Торино кои и понатаму се во игра за едно од девете места кои водат во групната фаза од Лигата на Европа.

Резултати: Верона – Катанија 4:0, Торино – Удинезе 2:0, Ливорно – Лацио 0:2, Сампдорија – Киево 2:1, Калјари – Парма 1:0.