Терористичката „Исламска држава“ секој ден од продажба на нафта заработува над три милиони долари.
Екстремитите од ИД во моментов контролираат 11 нафтени наоѓалиште на територијата на Ирак и Сирија, а нафтата која оттаму се добива ја продаваат на црно на пазарите во Јордан, Турција и Ирак. Цената на нафтата се движи меѓу 25 и 60 долари за барел, додека пазарната цена на „црното злато“ е над сто долари за барел.
Според оценките на американското разузнавање авијацијата на САД лесно може да ги уништи објектите на нафтената инфраструктура, која и носи приходи на ИД.