ИК на ВМРО-ДПМНЕ избра претседатели на општински комитети

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашната вечер ја разгледуваше актуелната политичка и економска ситуација, а се донесоа и повеќе кадровски решенија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Извршниот комитет изрази загриженост за состојбите во Република Македонија, констатирајќи дека актуелната Влада на Зоран Заев потфрли во секој поглед. Оценка е дека ова се најлошите 100 дена од новиот мандат на најнеуспешната и најкриминогената влада до сега.
Членовите на Извршниот комитет ги повикаа пратениците во македонското Собрание на будност кон идните активности на владејачкото мнозинство кои што водат кон натамошна девастација на Македонија, истакнуваат од опзицијата.

Извршниот комитет повикува на будно следење на развојот на состојбата поврзана со развојот на настаните по блокадата на евроинтеграцијата и обидот за бришење на македонскиот идентитет, потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Извршниот комитет донесе и повеќе кадровски одлуки, при што изгласани се нови претседатели на општинските комитети во повеќе општини:

• ОК КИЧЕВО Лазе Јакимовски;
• ОК ДЕВАР Алмедин Шаиновски;
• ОК РАНКОВЦЕ Даниел Павловски;
• ОК ГЕВГЕЛИЈА Андон Сарамандов;
• ОК ЦЕНТАР ЖУПА Шуаип Ракиповски;
• ОК НОВАЦИ Стевче Стефановски;
• ОК ТЕАРЦЕ Ванчо Милевски;
• ОК БРВЕНИЦА Јовица Илиевски;
• ОК БОГОВИЊЕ Синани Аришерив;
• ОК КРИВА ПАЛАНКА Емил Спасовски;
• ОК СТАРО НАГОРИЧАНЕ Мирослав Славковски;
• ОК КУМАНОВО Бране Петрушевски;
• ОК КРУШЕВО Биљана Проеска;
• ОК НЕГОТИНО Златко Пенков
• ОК ВАСИЛЕВО Славе Андонов;
• додека за нов претседател на ОК БИТОЛА е изгласан Пеце Милевски.

Извршниот комитет верува во посветената работа на новите претседатели на ОК, и во насока на постигнување на што подобри резултати, ги истакна и Зоран Николовски и Филип Поповски, со препорака до Милевски да ги земе предвид при избор за потпретседатели на ОК Битола, како и препорака до претседателот на ОК Куманово, Петрушевски да го земе предвид Бобан Николовски за нов потпретседател на ОК Куманово.