Илјадници Ирачани протестираа против корупцијата

Илјадници луѓе протестираа вчера на улиците на Багдад и други ирачки градови во бранот собири против корупцијата, состојбата во државата и политичкото раководство.

Демонстрантите во Багдад ги обвинија политичките водачи дека се “корумпирани крадци”. Неколку стотици луѓе извикуваа “Не за корупцијата и ЗА промени” и “Иран надвор”.

Во Басра, град богат со нафта, се собраа неколку илјади луѓе пред зградата на локалната самоуправа, објави АФП.
Протестите, исто така, се одржаа во градот Назирија, на југот на Ирак. Митинзи беа организирани и во провинциите Наџаф и Мајзан, јужно од Багдад.

Портпаролот на врховниот верски лидер на шиитските муслимани во Ирак, ајатолахот Али Ал-Систан, ја повика владата да ги исполни барањата на демонстрантите.

Тој подржува формирање нова влада што е можно поскоро, а во “чиј состав ќе бидат ефективни и компетентни луѓе”.