Продолжуваат нелегалните и неказнетите убиства на Филипините по три години војна против дрогата. Државата не покажува желба да ги испита егзекуциите извршени под маската на полициските операции, наведува Ројтерс.
„Тие само убиваат“ се вели во насловеното известување на Амнести интернешнал, при што се апелира до Советот на Обединетите нации за човекови права да усвои резолуција во која би се повикало на истрага во Филипините.
Нелегалните егзекуции и полициската бруталност на Филипините „опасно вообичаени“.
Гласањето на Советот се очекува оваа недела, објави оваа агенција.
Никој не го знае точниот број на загинати во војната против дрогата на претседателот Родриго Дутерте, но, според Ројтерс, убиени се повеќе илјадници луѓе, само над шест илјади во операции во кои, како што тврди полицијата, осомничените биле вооружени и давале отпор при апсењето.
Владата веќе неколку пати ги отфрли обвинувањата од типот дека полицијата убивала корисници на дрога и дилери, советувајќи ги семејствата на загинатите дека може да поднесат тужби против полицијата.
Амнести интернешнал тврди дека властите намерно прикриваат и ја дезинформираат јавноста за да се оневозможи утврдувањето на точниот број жртви, а најмногубројни се сиромашни и припадниците на маргинализирани групи, чии семејства немаат пари за правна битка против полицијата.