3.8 C
Skopje
вторник, ноември 26, 2024

Им кажав на родителите дека Азири и Бејта разговарале за субвенции

Ќе се појавам во Суд како сведок ако судот го побара тоа од мене, тоа, тоа ми е граѓанска должност, изјави премиерот Зоран Заев, по барањата на родителите на убиените момчиња од Смилковско езеро да ги достави сите „бомби“ за Монструм“.

Заев изјави дека телефонскиот разговор што го водел обвинетиот во „Монструм“, Фејзи Азири и тогашниот градоначалник на Гостивар Невзат Бејта, бил за субвенции.

Јас заради чувството на родители што изгубиле деца навистина им покажав разговори во просториите на СДСМ каде што видовме како едно од осомничените лица, Азири, воедно ѕвони и разгова со Бејта го моли за 450 евра субвенции за земјоделство. Исто на родителите им покажав и со кој разговарале, ги видоа телефоните, јас не можам да бидам истражител, тоа е предадено, процесот се води, се е предадено изјави Заев.

Бејди Ајдари, брат на обвинетиот Фејзи Азири во случајот „Монструм“ побара од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, премиерот Зоран Заев стражано да биде спроведен во суд, за да даде изјава каква што им соопштил на семејствата на трагично загинатите кај Смилковско езеро.

 Господине министер, ако исполнувате желби, Горан Наќевски (еден од родителтите на трагично загинатите кај Смилковско езеро на 12 април 2012 год.) имаше една желба која беше јавна и искажана во судско рочиште во случајот „Монструм“, иако немаше рочиште бидејќи беше одложена по позната причина. Цитирам: „Барам премиерот Зоран Заев стражарно да биде спроведен во суд за да даде изјава онаква каква им соопштил на семејствата во неговиот кабинет“, така што сите ќе знаеме што им соопштил вашиот и наш премиер во овој случај, напиша Ајдари на својот Фејсбук профил.

Според него, симптоматично е што било соопштено дека  Азири бил преведен, а не стражарно обезбеден бидејќи тој не избегал од затворот, туку бил е пуштен на прекин од надлежните органи.

Точно е дека Фејзи Азири не се вратил во рокот кој бил пропишан во Решението, но пред да му истече рокот за прекин, Азири бил хоспитализиран во болница, го известил телефонски директорот на Штипскиот затвор и истиот законски побарал да му се продолжи прекинот заради сериозноста на болеста која што ја добил баш во тие затвори, каде што условите за издржување на казни многу добро ви се познати, вели Ајдари.

Посочува дека за статусот на Ајдари се уште нема правосилно решение, па според него е смешно што тој се водел како бегалец.