21.8 C
Skopje
петок, ноември 1, 2024

Имигрантите од регионот на западен Балкан ќе бидат привилегирани со новиот германски закон

Државниот секретар во германското Министерство за внатрешни работим, Штефан Мајер, во саботата за DW ги појасни поединосите од новиот закон за доселување во Германија и како да се постапува кога на сила ќе стапи новиот закон, а сѐ уште ќе биде на сила таканареченото „правило за западен Балкан“.

Како што изјави Мајер, најзначајно е доселување на стручна работна сила, односно квалификувани работници од земјите кои не се членки на Европската унија. Додаде дека со овој закон прв пат се воведува единствен поим стручњаци односно квалификувани работници.

„Во иднина веќе нема да се применува правило според кое при вработување предност ќе имаат државјани на Германија или некоја друга земја од ЕУ. Исто така се укинува и листата на дефицитарни занимања така што сите групи на вработени се третираат на ист начин“, рече Мајер.

„Важно ни е добро познавање на германскиот јазик: во некои области доволно е да се знае основи на јазикот, за вработување е потребно ниво Б1, а за место во образованието Б2“, додаде германскиот министер.

Условите за доаѓање во Германија ќе се проверуваат пред планираното доаѓање и тоа ќе се врши преку дипломатските претставништва. Во Германија ќе имаат можност и да се доквалификуваат заинтересираните граѓани.

Според Мајер на некој начин граѓаните од западен Балкан се привилегирани.

„Кој ги исполнува условите за доселување според двете правила може да избере кое е поповолно за него. Треба да се напомене дека низ мерката за вработување на граѓани од Западен Балкан во Германија пристигнале многу полуквалификувани и неквалификувани главно постари работници. Тоа буди страв дека Германија би можела да се соочи со додатно оптоварување поврзано со пензијата на овие работници“, додаде Мајер.

Според законот доселениците постари од 45 години мора да докажат дека доволно уплаќале во пензиското осигурување. Тоа е една можност, а втора е дека на новото работно место во Германија заработуваат најмалку 3.600 евра бруто