![Rafina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/Rafina.jpg?resize=400%2C241&ssl=1)
Над две илјади туристи биле во паника, откако се судрија два ферибота на грчкото пристаниште Рафина, соопштува весникот „Вима“.
Двата ферибота се судриле поради силниот ветар, кој го скинал бродското јаже на еден од фериботите. Инцидентот се случи на 70 метри од пристаништето.
Фериботите пловеле кон грчките острови Андрос, Тинос и Миконос.