Вакцината за опасната респираторна болест Covid-19 чиј предизвикувач е новиот коронавирус SARS-CoV-2, на компанијата „Bharat Biotech“, е првата во Индија која доби одобрување од владиониот регулатор за лекови за тестирање на луѓе во земјата со повеќе од 1,3 милијарди жители која последниот период бележи остар раст на новозаразените.
Индискиот регулатор за лекови го одобрил барањето на компанијата за испитување на препарарот „Covaxin“ кој е развиен во заедничка соработка со Националниот инстут за вирологија, соопшти компанијата. Вакцината е развиена и произведена во лабораториите на компанијата „Bharat Biotech“ во градот Хајдарабад, во јужната индиска сојузна држава Талангана, кој истовремено продолжува да биде административен центар на државата Андра Прадеш.
Индија, којашто има помалку заразени само од САД, Бразил и Русија, забележа во понделникот повторно речиси 20.000 нови зарази со коронавирусот, според податоците на министерството за здравство. Досега во земјата има починати над 16.000 лица од појавата на првиот случај на коронавирусот во јануари, што е малку во споредба со земјите со сличен број случаи на зараза. Меѓутоа, стручњаците стравуваат дека индиските болници во густо населената земја нема да можат да издржат остар раст на случаите на зараза.
Во моментов сѐ уште не е одобрена вакцина за комерцијална употреба против коронавирусот, но повеќе десетици вакцини ширум светот се тестираат на луѓе.
Кинеската војска добила дозвола за користење вакцина против Covid-19 којашто ја развила нејзиниот истражувачки сектор во соработка со компанијата „CanSino Biologics“, откако со клинички испитувања е докажана безбедноста на вакцината и е откриена одредена нејзина ефикасност, соопшти компанијата.