Индиските власти предупредуваат дека ткн „Делта плус“ варијантата на коронавирус „предизвикува загрижување“ и ги повикуваат државите во коишто е идентификуван да преземат мерки да го спречат неговото ширење, се истакнува во вторникот во соопштение на министерството за здравство објавено на мрежаната страница на индиската влада.
„Индискиот конзорциум за геномика на коронавирусот објави дека варијантата ‘Делта плус’, која сега се смета за загрижувачка, ги има следните карактеристики: зголемена продорност во клетките, посилно врзување со рецепторите на белодробните клетки и можно намалување на одговорот од страна на мониклоналните антитела“, се вели во соопштението.
Индискиот конзорциум за генетиката на коронаворусот (Indian SARS-CoV-2 Consortium on Genomics – INSACOG) е конзорциум од 20 лаборатории на индиското Министерство за здравство, Одделот за биотехнологија, Индискиот совет за медицински истражувања (ICMR) и Советот за научни и индиструски истражувања (CSIR) за секвенцирање на геномот во вирусот во контексот на пандемијата на Covid-19. Како што се истакнува во соопштението, INSACOG има задача не само да го секвенционира геномот на вирусот, туку и да обезбеди навремени информации за потребните мерки за одговор кој треба да го преземат регионот во Индија.
„Индиското министерство за здравство ги советуваше сојузните држави Махараштра, Керала и Мадја-Прадеш, дека одговорот во сферата на јавното здравство, иако останува генерално како и претходно, треба да биде понасочен и поефикасен“, се наведува во соопштението.
На споменатите држави им се препорачува да преземат итни мерки за да го спречи ширењето на овој сој, вклучително и спречување на масовни собири на луѓето, спроведува масовни тестирања, како и и давање приоритет за вакцинација на населението.
Претходно во вторникот, заеникот на министерот Раџеш Бушан, дека лекарите во Индија идентификувале 22 случаи на зарази со варијантата на коронависуот „Делта плус“. Од 22-те случаи 16 се откриени во градовите Ратнагири и Џалгаон во западната држава Махараштра, а другите во државите Керала и Мадја-Прадеш.
Досега се идентификувни четирите епидемиски најопасните мутации на SARS-CoV-2: алфа (или британскиот сој – B.1.1.7), бета (јужноафриканскиот сој – B.1.351), гама (бразилскиот сој – P.1) и делта (индискиот сој – B.1.617.2).
Според официјалните податоци на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), сојот на коронавирусот B.1.617 е откриен на 5-ти октомври 2020 година во индиската сојузна држава Махараштра, а од неодамна се идентификувани случа на зараза со овој ткн „индиски сој“ во повеќе земји во светот. Индиските стручњаци истакнуваат дека овој вид првпат бил откриен во март годинава во Европа.
Досега беа идентификувани три подвида на овој сој означени како „B.1.617.1“, „B.1.617.2“ и „B.1.617.3“, а новиот подвид се одликува со присуство на мутацијата K417N во „спајк“ (шилестиот) протеин на вирусот, кој може да ја намали активноста на серумот и антителата и кај луѓето кои оздравеле и се вакцинирани на Covid-19. Се смета дека овој сој може да ги зарази луѓете дури и откако биле вакцинирани со вакцината за коронавирус, дека варијантата „Делта плус“ на овој вид се смета дека е уште позаразен.