Новородено теле со едно око по средината на главата и без нос стана божество за Индијци од регионот Бардхаман, пренесуваат светските агенции.
Локалните жители ја презеле грижата за него, откако кравата, која едвај го родила, откажала да го дои. Луѓето ова теленце го сметаат за божјо чудо и веруваат дека доколку му се помолат ќе ги прати среќа и здравје за семејството.
Телето има ретка вродена болест – циклопија, која може да се сретне и кај луѓето. При циклопија, уште во утробата на мајката, кај плодот не можат да се разделат десната и левата страна на мозокот. Единственото око е најчесто на местото на носот и оние кои ќе се родат со циклопија немаат добар вид.
Животните со ова заболување едвај го преживуваат раѓањето, а оние кои ќе се родат најчесто кратко живеат.