Индија во понеделникот доби нова 29-та држава – Теленгана, што е свечено прославено на југот на земјата после скоро 60 годишна борба за поголема самостојност на овој регион. Новата држава се вика Теленгана, создадена е со поделба на државата Адхра Прадеш, а нејзиниот нов главен град е Хидерабад.
Калванкунта Чандрашкандер Рао, кој штрајкувал со глад со цел да се избори за самостојност на Теленгана, именуван е за претседател на владата на оваа нова држава на пригодна свеченост одржана во понеделникот наутро во нејзиниот главен град Хидерабад.
Жителите на новата држава го прославиле овој настан на полноќ со огномет кој го осветлил небото над градот.
Новиот индиски премиер Нарендра Моди му упатил честитка на Рао и ветил „секаква поддршка на народот и владата на Теленгана“ со порака на Твитер.
„Индија има нова држава. Добредојдовте, Теленгана, наша 29-та држава. Таа нам ќе ни помогне во движењето кон развојот во наредните години“ додал новиот премиер на Индија. „Раѓањето на Теленгана се случува после години борба и жртви на голем број луѓе“.
Кампањата за отцепување почна во 50-тите години, а нејзини заговорници а незадоволните кои сметаа дека локалните и извршните власти го занемаруваат тоа подрачје.
Напротив, елитата и жителите на крајбрежниот појас на Андхра Прадеш, кои земјоделски подобро стоеја, се противеа на отсепувањето од страв дека ќе се создаде стопанска дестабилизација на овој регион.
Противниците на создавањето на новата држава сметаат дека оваа одлука ја отвара „Пандорината кутија“ на сепаратистички барања во Индија.