Индија планира да го укине посебниот статус на Кашмир

Индиската влада во понеделникот да планира да го укине делот од уставот кој му дава посебен статус на делот од Кашмир под контрола на Њу Делхи, пренесуваат тамошните медиуми.

Хималајската висорамнина Кашмир дефакто е поделена меѓу Индија и Пакистан во 1947 година, по завршувањето на британскиот колонијализам во овој дел од свветот. Двете земји се борат за контрола над регионот, а судирот започна со сепаратистичкиот бунт во индискиот дел.

Во индиската сојузна држава Џаму и Кашмир активни се сепаратистички бунтовници, кои се залагаат за независност на областа Кашмир или за нејзино присоединување на Пакистан. Притоа во Кашмир меѓу Индија и Пакистан војските на двете земји патролираат по линијата на раздвојувањето.

Индија и соседен Пакистан досега трипати војуваа меѓу себе од стекнувањето на независноста во 1947 година, од кои две околу Кашмир над кој двете земји сакаат целосна контрола, и редовно изведуваат нуклеарни тестирања откако кон крајот на 1990-те официјално станаа нуклеарни земји кои поседуваат и нуклеарен воен персонал.

Двете земји во 2011 година започнаа мировен процес, но тензиите меѓу нив се зголемија последните две години. По ненадејната посета на Моди на Пакистан на почетокот од 2016 година, двете земји одлучија да започнат дијалог за решавање на спорните прашања.

Членот 370, кој на мнозински муслиманскиот Кашмир, му дава поголема автономија отколку на другите сојузни индиски држави, е чувствително прашање, бидејќи на основа на него Кашмир е приклучен на Индија во 1947-та е поделен меѓу двете држави. Овој член му овозможува на Кашмир сопствен устав и знаме, и автономија во сите прашања, освен во надворешната политика, одбраната и комуникациите.

Одлуката во парламентот ја објави министерот за внатрешни работи Амит Шах предизвикувајќи жестоки реакци од опозицијата. Станува збор за најдалекусежната политика. Поранешниот шеф на државата, Мeхбува Муфти на Twitter, рече дека Индија дефакто станала окупациска сила.

Во индискиот дел од Кашмир во понеделникот нема телефонски и интернет врска, а опозициските челници се ставени во домашен притвор. Властите во понеделникот рано утрото објавија дека воведуваат ограничувања за јавните собири и дека ги затвораат сите образовни институции во главниот град Шрингар. Подоцна во понеделникот итно се состанува владата на премиерот Нарендра Моди, а медиумите јавуваат и за вонредна седница на парламентот.

Тензиите во Кашмир во петокот пораснаа кога локалните индиски политичари предупредија на можни напади на милитантите од Пакистан. Официјален Исламабад ги отфрли обвинувањата, но во текот на изминатиот викенд илјаднци индиски туристи, аџии и работници панично го напуштија ова подрачје.

Муслиманските сепаратисти водат насилна кампања против властите на Индија од крајот на 1980-те години во индискиот дел на Кашмир, каде мнозинството население се муслимани. Индија го обвинува соседен Пакистан дека ги вооружува бунтовниците од групата Лашкар-е-Таиба (LeT) и другите во Кашмир, што Исламабад го негира. Во текот на 2017 година најмалку 206 бунтовнички активисти, 78 припадници на индиските безбедносни сили и 57 цивили се убиени во Кашмир, во текот на најсмртоносната година во последните десет години во овој регион.