Инфлацијата во САД благо попуштила во мај

Само благо ослабела инфлацијата во САД во мај, покажаа во средата објавените податоците на Министерството за труд, со посилен пад на цените на половните возила, но и позабележителен пораст на цената на бензините.

Годишната стапка на инфлација во мај изнесува 3,3 отсто и е за 0,1 процентен поен пониска во однос на претходниот месец, покажуваат пресметките на Министерството.

Без цените на храната и енергијата, базичната инфлација изнесувала 3,4 отсто, со што се лизнала на најниско ниво во последните три години.

Во однос на ланскиот мај, превозот најмногу поскапел, за 10,5 отсто. Следи струјата со поскапување од речиси шест проценти.

Споредено со ланскиот мај, бензините поскапеле за 2,2 отсто. Во април поскапеа за 1,2 отсто. Храната во мај поскапела за еден процент, исто како и претходниот месец.

Најмногу паднале цените на половните автомобили и камионите, за 9,3 отсто. Во април нивните цени паднаа за 6,9 отсто.

Месечната споредба покажува стабилни цени, по растот од 0,3 отсто во април.

Најголем тег за цените претставуваа бензините, кои поевтинија за 3,6 отсто во однос на април кога поскапеа за 2,8 отсто.

Цените на гасот паднаа за 0,8 отсто, што е многу поблаго отколку во април, кога се намалија за речиси три отсто на месечно ниво. Цената на струјата остана на априлското ниво.

На месечно ниво енергенсите паднаа за два отсто, по поскапувањето од 1,1 отсто во април. Цените на храната беа речиси непроменети.

Кога се исклучени храната и енергијата, потрошувачките цени се зголемија за 0,2 отсто на месечна основа, нешто поблаг отколку во април.