Институтот Pantone објави која боја ќе ја одбележи 2020-та

Во овие непријатни времиња, како што се приближуваме кон новата деценија, од центарот за истражувања и информации за бојата Pantone Color Institute истакнуваат дека време е за смирерност и таму се убедени дека „класичната сина“ (Classic Blue) ќе биде боја на годината за 2020 година.

Бојата е сидро што нуди стабилност, постојаност и поврзаност, вели Лори Пресман, потпретседателка глобалниот провајдер за консталтинг за бои, трендови и анализа.

„Нејзинот присуство е смирувачко“, вели Пресман за споменатата нијанса. Поблиску до морнарско сината, не индиго и посветла од морнарската, „класичната сина“ поттикнува чувсто на огромно ширење, додава Присман за нијансата позната и како Pantone 19-4052.

„Живееме во време кога се неопходни доверба и верба. Оваа конзистентност и увереноста му ја дава на Pantone 19-4052 – класично сината – цврста и сигурна сина нијанса на којашто секогаш можеме да се потпреме“, додава Литрис Ејсаман од споменатиот институт.

Институтот Pantone постои повеќе од половина век и важи за голем авторитет во оваа област. Пресман и нејзиниот тим истражуваат во светот на уметноста, модата и дизјнирањето на домот, покрај комерцијалниот, графичкиот и индустрискиот дизајн, за да дојдат до изборот.

Но, според неа, „класично синото“ не е само боја за носталгија. Дизајнерите ширум светот ја користат на модните писти, мобилните телефони, кујнските апарати и како боја за скапи ексклузивни автомобили и мотоцикли.

Центарот кој милениумот го започна со бојата на дневното небо „Cerulean bluе“, за оваа 2019 година за боја на годината ја прогласи „трепетливата но мека и Living Coral (животниот корал)“ а за претходната 2018-та „сложената и контемплативна Ultra Violet (ултравиолетова)“, појаснува дека „класичната сина“ е небото во самракот кога започнува новата деценија. „Има длабочина, но тоа е боја на очекување, затоа што гледаме нанапред. Денот заврши. Ние гледаме напред во квечерната. Што ќе дојде?“, вели Пресман.

Додава дека Classic Blue е живописна, но не агресивна и лесно релативирачка боја, како и дека меѓу пигментите на aнтоциjанин во природата содржат антиоксиданси и други погодности за здравјето.

 

 

 

View this post on Instagram

 

Introducing the Pantone Color of the Year 2020, PANTONE 19-4052 Classic Blue, a timeless and enduring blue hue elegant in its simplicity. Suggestive of the sky at dusk, the reassuring qualities of Classic Blue offer the promise of protection; highlighting our desire for a dependable and stable foundation from which to build. As we cross the threshold into a new era, Pantone has translated the hue into a multi-sensory experience to reach a greater diversity of people and provide an opportunity for everyone to engage with the color. We will be tapping into sight, sound, smell, taste, and texture to make the Pantone Color of the Year for 2020 a truly immersive color experience for all. Link in bio to learn more about Classic Blue. #Pantone2020

A post shared by PANTONE (@pantone) on