Интер Мајами сигурен дека ќе потпише со Меси, Лео станува најплатениот играч во историјата на МЛС

Foto:twitter.com/FIFAWorldCup

Лионел Меси може да ја продолжи кариерата во САД. Според „Тајмс“, 35-годишниот Аргентинец е блиску до преселба во Интер Мајами. Клубот од МЛС е уверен дека Меси ќе потпише договор со нив по Светското првенство во Катар и ќе им се приклучи на крајот од сезоната 2022/23 во Европа.

Мајами сака да го засили тимот со играчи кои можат да ја надополнат играта на Меси. Меѓу кандидатите се и двајца од поранешните партнери на Лео во Барса, Цеск Фабрегас и Луис Суарез.

Се очекува Меси да стане најплатениот играч во историјата на МЛС. Да потсетиме дека Дејвид Бекам е еден од косопствениците на клубот од Мајами. Забележано е дека неговото влијание може да одигра важна улога во потенцијалниот договор.

Исто така, вреди да се напомене дека Меси се чувствува удобно со локацијата на Интер бидејќи има своја резиденција во Мајами. А таму често ги поминува празниците.