Интерпол трага по 116 Албанци

На „Богородица“ уапсен кипарски државјанин баран од Интерпол

Според најновите податоци на Интерпол, Албанија е на врвот во однос на сите европски земји со 116 Албанци обвинети за разни кривични дела за кои е издадена меѓународна потерница, јави албанската телевизија Топ чанел.

Според телевизијата, тие биле барани не само врз основа на албанската потерница за апсење на Интерпол, туку и во други земји, за кои постои сомневање дека сториле кривични дела.

Зад Албанија е БиХ со 99 лица по налог на Интерпол, Бугарија со 50, Романија со 48 и Франција со 28 нејзини државјани кои се бараат со меѓународна потерница.

Само три европски земји – Исланд, Ирска и Луксембург, имаат по само едно лице по меѓународна потерница на Интерпол.

На внатрешно ниво, во албанската држава постои внатрешна потерница во која се наведени 690 лица обвинети за разни кривични дела.