Најмалку 52 лица загинаа во серија бомбашки напади во Ирак, јави Гласот на Америка.
Најкрвавиот напад беше извршен од терорист-самоубиец во Бухриз, на околу 60 километри северно од Багдад, при што загинаа најмалку 18 лица и уште 16 беа повредени. Бомбата избувна за време на погребот на починатиот сунитски член на провладините милиции.
Во главниот град Багдад експлодираа најмалку шест автомобили – бомби првенствени во шиитските области на градот, при што загинаа 34 лица и уште 71 се повредени.