Ирачките власти објавија во понеделникот дека на Русија ѝ предал 33 деца на руски државјанки кои на некој начин ѝ се придружиле на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, а Москва истовремено објави дека разбила ќелија на џихадистичката терористичка групација на руска територија.
Децата биле депортирани во Русија на 10-ти јули по договор со рускиот амбасадор во Багдад соопштил портпаролот на ирачкото министерство за надворешни работи, Ахмед ал-Сахаф во изјава за јавноста.
Додал дека министерството за надворешни работи депортирало досега 473 деца на милитантите на Исламската држава од различни националности, покрај од Русија, и во Франција, Германија и во Турција во која Ирак во мај предал 188 деца на милитантите..
Ирачкото министерство ги повикува сите земји да ги зајакнат напорите и да ги примат своите државјани поврзани со екстремистичката група. Во повеќе западни земји се води расправа за судбината на овие деца. Семејствата се борат за нивното враќање, истакнувајќи дека се жртви на приликите кои не можеле да ги бираат, а властите се малку попретпазливи. Неодамна започнаа низа иницијативи во полза на децата на џихадистие, чијшто број никој не го знае. Меѓународната невладина организација Save the Children наведува дека во бегалските кампови има повеќе од 3.500 деца и дека потекнуваат од триесетина земји.
Истовремено во понеделникот Рската сојузна агенција за безбедност (ФСБ) објави дека ја пресекла активноста на прикриена келија на Исламската држава во Ростовска област. Групата планирала трористички напади на јавни места, каде што има масовно присуство на цивили, се додава во соопштението.
Водачот на групата бил убиен кога полициските службеници го запреле неговото возило а тој отворил оган од автоматско оружје. „Во текот на престрелката во возилото е активирана неидентификувана експлозивна направа. Криминалецот е убиен на местото на настанот“, се истакнува во соопштението.