Ирак: Загинаа 50 бунтовници

Во воздушни напади од страна на владината војска синоќа во покраината Ал Анбар во Ирак беа убиени 50 бунтовници.

Според информациите од ирачкото министерство за одбрана во нападот загинале и неколку борци и од арапските земји, а уништено е големо количество муниција.

АФП пренесе дека во покраината на западот на Ирак веќе неколку недели траат немирите меѓу  војската и милитантите.

Вчерашниот напад  е дел од најновата операција на режимските сили против сунитските бунтовници кои превземаа власт на неколку делови во Ал Анбар.

Дипломатите, меѓу кои и генералниот секретар на ОН на Бан Ки Мун ги повикаа ирачките власти на работат на национално помирување.