Иран ги известил во средата петте преостанати светски сили потписнички на нуклеарниот договор познат како Заеднички план за сеопфатна за акција (Joint Comprehensive Plan of Action – JCPOA) од 2015 година за својата одлука да го суспендира спроведувањето на некои од своите обврски од мултилатералниот договор, точно една година откако САД еднострано го напуштија.
Амбасадорите на земјите кои останаа во договорот, Франција, Велика Британија, Германија, Русија и Кина, во средата добиле писмо од иранскиот претседател Хасан Роухани во кое се најавува дека Техеран прекинува некои од обврските.
Роухани не појасни во телевииското обраќање по повод писмото, кои обврски Иран ќе престане да ги спроведува, меѓутоа министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф рече дека во писмото за поединостите се известени амбасадорите на петте земји. Иранскиот Врховен совет за национална безбедност, пак, соопшти дека Иран ќе престане да ги ограничува резервите од тешка вода и збогатувањето на уранииум, на што се обврза во договорот.
Роухани во телевизиското обраќање рече дека споменатите пет земји имаат 60 дена да ги спроведат своите обврски, „особено во нафтениот и банкарскиот сектор“, кои се на удар на новите американски санкции, инаку Иран ќе престане да ги спрведува и другите обврски.
Целта на договорот од 2015 година е да се намалат шансите Иран да збогатува ураниум до ниво до кое може да се произведе нуклеарно оружје во замена за денециските економски санции, но американско-иранските тензии се зголемија откако Вашингтон се повлече од договорот повторно воведе санкции против Техеран и им се закани на сојузниците со казни доколку не ги спроведуваат.
Зариф нагласи дека планот за откажување од спроведувањет на дел од иранските обврски не значи и дека Техеран ќе се повлече од договорот.
„Натамошните активности на Иран ќе бидат целосно во рамките на нуклеарниот договор, од кој Исламската Република нема да се повлече. Европската унија и другите … немаа сили да му пружат отпор на САД, па затоа Иран … повеќе нема да спроведува некои од своите доброволни обврски“, додаде Зариф.
Американскиот претседател Доналд Трамп, точно пред една година на 8-ми мај 2018 година, се повлече од меѓународниот договор склучен по долги преговори летото 2015 година, оценувајќи дека е многу попустлив кон Иран.
Од тогаш Вашингтон, и покрај тенденциите на своите европски сојузници кои останаа и натаму приврзани на договорот, постојано ја засилува „кампањата на најголемиот можен притисок“ врз Техеран. САД во вторникот објавија дека во Персискиот залив испраќаат група на носач на авиони и неколку бомбардери „B-52“, како „одговор евенетуален ирански напад“. Испраќањето бомбардери се базира на „јасните неодамнешни знаци кои покажуваат дека иранските сили и нивните приврзаници се подготвуваат за можен напад врз американските сили“, истакан Пентагон.