Иран го погуби шведско-иранскиот државјанин поврзан со терористички напади

Иран во саботата го погуби шведско-иранскиот дисидент, осуден за водење арапска сепаратистичка група, обвинета за низата напади, вклучително и оној врз воена парада во југозападниот град Ахваз во 2018 година, кога беа убиени 25 луѓе, објавија државните медиуми.

Новинската агенција Mizan, којашто е специјализирана за информации од иранското правосудство, објави дека смртната пресуда проти Хабиб Фараџолах Чааб, познат и како Хабиб Асјуд, водач на терористичката група Харкат ал-Назал, била извршена во саботата наутро.

Претходно на 12-ти март иранското правосудство ја потврди смртната казна „по обвинение за поткопување на земјата преку формирање, управување и водење на бунтовничката група наречен Харкат ал-Назал и подготовка и извршување на бројни терористички операции во провинцијата Кузестан“.

Хабиб Асјуд се изјаснил за виновен, пишува натаму Mazan, и минатата година наводно признал дека го организирал нападот врз иранската воена единици во 2018 година, „како и многу други терористички акти против иранската нација“.

Порталот, повикувајќи се на полициските извештаи, наведува дека Хабиб добил шведско државјанство и бил поддржан од владата на оваа скандинавска земја, велејќи дека му бил даде уред кој ќе ги предупреди шведските безбедносни служби да го извлечат секогаш кога ќе се најде во опасност.

Шведско-иранскиот државјанин, кој во западните медиуми е претставен како политички дисидент, беше уапсен во ноември 2020 година, како што беше тогаш соопштено, како резултат на „специјални и комбинирани мерки“ спроведени од иранското разузнавање, во соседна Турција и биле пренесен во Техеран, но немаше поединости за начинот на неговото заробување и пренесување во земјата. Изминатите години турските власти имаа неколку акции за кои беше речено дека биле насочени кон спречување на иранските тајни служби изведување акции на турска територија.

Судењето на Хабиб Асјуд започна во 2022 година, под обвинението дека е водач на сепаратистичкото движење Арапско борбено движење за ослободување на Ахваз (Харкат ал-Назал), кое сака да воспостави независна држава во богатата со нафта провинција Кузистан на југозападот од Иран.

Шведска изрази загриженост во врска со случајот на Хабиб Асјуд, а односите со Иран се влошија по пресудата на шведскиот суд од јули 2022 година со која му е одредена смртна казна, веднаш заменета со доживотен затвор, на тогаш 81-годишниот Хамид Нури, поранешен ирански функционер, поради наводно учество во масовни ликвидации и измачување на политичките противници и затвореници во Исламската Република во 1980-те години.

Доминантниот шиитски Иран се соочува со минорните етничко-конфесионални сунитски малцинства, како што се Арапите, Курдите и Азерите, кои честопати низ историјата, како и во поновите вемиња се сојузуваат со соседните земји, како на пример во војната со Ирак во 1980-те воден од тогаш западно поддржаниот сунитски ирачки диктатор Садам Хусеин. Тогаш групацијата на иранските Народни муџахедини на Иран (МКО) се преселија во камп крај Багдад, а со ангажирање на тогашната американска државна секретарка Хилари Клинтон, поради приближувањето на мнозинскиот шиитски Ирак со Техеран беа преселени во Албанија, каде според последните официјални процени живеат најмалку четири илјади.

Малцинствата во Иран се жалат на дискриминација, што официјален Техеран го негира.