Иран во петокот објави дека испратеил експерти на танкерите чиишто екипажи ги спаси од пожарите кои уследиле по инцидентите за кои постои сомневање дека се напади, за да се утврди дали морнарите може да се вратат на пловилата.
„Огнот е изгаснат на двата танкера… Испративме експерти за да се види дали екипажот кој иран го спаси да се врати на (еден) танкер“, изјави Алагморад Афифипур, шеф на пристаништата управ во покраината Хормозган, пренесува агенцијата Tasnim.
Иранската државна новинска агенција IRNA, пак, објави дека иранските спасувачи ги земнале 44 морнари од оштетените танкери и ги префрлиле во пристанишниот град Бандар Јаск.
Но американскиата централна команда тврди дека 21 член од екипажот од танкер е „Kokuka Courageous“ кој превезувал метанол, во јапонска сопственост кој пловел под панамско знаме, ги забележал холандски реморкер и наводно ги пренесол на американскиот разурнувач „ USS Bainbridge“.
Но ниту иранските, ниту американските телевизии не прикажаа снимки од овој екипаж. Иранските емитуваа снимка со 23 спасени морнари, наведувајќи дека станува збор за 11 Руси, 11 Филипинци и Грузиец.
Во меѓувреме американската команда објави снимка на којашто наводно припадници на иранската Револуционерна гарда отстрануваат неексплодирана магнетна мина од јапонскиот танкер.
Иран ги отфрли како „неосновани“ американските тврдења за неговата наводна одговонорност за нападите на двата танекра во Оманскиот залив, предупредувајќи дека станува збор за „нова иранофобична кампања“ која ја водат Вашонгтон и неговите сојузници.
„Ниту фабрикуваните и дезинформациски кампања, ниту бесрамното обвинување на другите може да ја смени вистината. САД и нивните регионални сојузници мора да прекинат со вооружените напади и да стават крај на нечесните активности, какко и операциите под лажни знамиња во регионот… Иран изразува загриженост во врска со сомнителните инциденти на нафтените танкери“, се наведува во соопштението на иранската мисија при Обединетите нации,