Исламската Република нема да се двоуми доколку е неопходно да возврати на американски напад на нејзина територија, изјави во понеделникот портпаролот на иранската дипломатија, со оглед на тоа што Белата куќа не ја исклучи можноста за директен напад врз Иран.
Соединетите држави во петокот започнаа серија напади против позиции на елитните ирански сили и проиранските вооружени групи во Сирија и Ирак како одговор на убиството на тројца американски војници наводно во базата во Јордан на 28-ти јануари, иако јорданската дипломатија тврдеше дека нападот е изведен врз нелегална американска база на сириска територија во близина на јорданската граница.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во саботата изјави дека САД ќе продолжат да возвраќаат и не исклучува директни напади врз цели во Иран.
„Исламската Република нема да се колеба доколку е потребно да возврати“, порача портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани на редовната седмична прес-конференција во понеделникот.
Во саботата, Соединетите држави и Обединетото Кралство објавија дека бомбардирале десетици цели во Јемен како одговор на повторените напади на Хутите кои се поддржувани од Иран веќе цела деценија.
Портпаролот Канани ги осуди нападите во Ирак, Јемен и Сирија и ги нарече нелегални. Додаде дека нападите биле извршени како дел од „политиката на целосна поддршка“ за Израел.
Хутите тврдат дека нивните напади врз пловила поврзаин со Израел во Црвеното Моред се израз на солидарност со Палестинците во Појасот Газа кои се на удар на израелската армија.
Американските сили во неделата објавија дека извршиле воздушни напади врз пет проектили во Јемен кои биле подготвени да бидат лансирани врз бродови во Црвеното Море.
Канани во понеделникот рече дека Техеран „не сака да ги влоши тензиите и кризите во регионот“ и дека „никогаш не поддржувал тензии и кризи“.