Иран осуди на смрт маж за шпионирање во полза на Велика Британија

Иранскиот суд осуди на смрт британско-ирански државјанин обвинет за шпионирање во полза на Велика Британи, што го разгневи Лондон кој бара да не биде извршена пресудата.

„Алиреза Акбари е осуден на смрт поради корупција и загризување на внатрешната и на надворешната безбедност на земјата со пренесува информации“, го цитира соопштението на судот порталот Mizan Online.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли остро реагираше во објавата на Twitter.

„Иран мора да го прекине извршувањето на смртната казна над британско-иранскиот државјанин Алиреза Акбари и веднаш да го ослободи. Тоа е политички мотивиран чин на варварскиот режим кој целосно го презира човечкиот живот“, истакна Клеверли.

Во информацијата не е наведен датумот на апсењето на Акбари изрекувањето на пресудата којашто во средата ја потврдил Врховниот суд. Покрај тоа, нема информации ниту за тоа која должност ја извршувал осуденикот.

Меѓутоа, според иранското министерство за финансии, Акбари бил „главниот шпион на британската тајна разузнавачка служба поради важноста на својата позиција“. На службата ѝ пренел „важни информации“, според истиот извор.

На почетокот од декември четворица Иранци беа егзекутирани откако им беше изречена смртна казна под обвинение дека работеле под координација на тајните служби на Иран во оркестрирање саботажи и убиства на припадници на иранските безбедносни сили.

Техеран и Лондон одамна имаат затегнати односи, а последните години и поради апсењата на неколку лица со двојно државјанство, како и поради обвинувањата од иранската страна на вмешаноста на британските тајни служби во организацијата на неодамнешните насилни масовни протести ширум Иран во кои имаше повеќе стотици жртви, од кои и над сто припадници на безбведносните сили.