Секаков американски напад врз Иран би добил жесток одговор, предупреди портпаролот на иранската влада во вторникот, по медиумските написи дека американскиот претседател Доналд Трамп минатата седмица наводно разгледува можност за напад врз главната иранска нуклеарна постројка.
„Секакво делување против иранската нација сигурно би добило немилосрден одговор“, изјави портпаролот на владата во Техеран, Али Рабиеи.
Агенцијата Reuters во вторникот пренесе недокажани тврдења на неименуван американски функционер, дека наводно претседателот Доналд Трамп два месеца пред, како што планираат медиумите, да си замине од Белата куќа на состанок со главните советници за национална безбедност во Овалната канцеларија се распрашувал за опции за напад врз Иран, потенцијално за постројките во Натанц. Според истиот извор, функционерите го убедиле Трамп да ја напушти идејата поради ризикот од ширење на удирот.
Засега нема никакви потврди на оваа информација. Меѓутоа, се известува дека државниот секретар Мајк Помпео, кој наводно бил присутен на споменатиот состанок во Белата куќа во среда ќе престојува во посета на Израел, држава којашто со децении има воени планови за напад врз Иран, а во времето на американскиот претседател Џорџ В. Буш помладиот беше спречена да изведе едностран воен удар врз иранските нуклеарни постројки.
„Да сум Иранец, не би бил мирен. Многу е важно Иранците да знаат дека, доколку навистина тргнат кон збогатување на ураниум за нуклеарно вооружување, ќе станат подложни на напад на воената моќ на САД, а можеби и на други земји“, изјави за израелското воено радио во вторникот израелскиот министер за енергетика Јувал Стејниц.
Иран повторно ја отфрли тезата дека целата на неговата програма за збогатување ураниум е воена, туку е енергетски и истражувачки медицински цели, а портаролот Рабиеи го обвини Изрел за „психолошка војна“ против неговата држава.
„Лично не сметам дека е веројатно дека САД би сакале да предизвикаат несугурност во светот и во регионот“, заклучи портапролот на владата на Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во мај 2018 година ги повлече САД од договорот и воведе нови санкциите и покрај противењето на европските сојузници и потврдите на меѓународната инспекција дека Иран се придржува до одредбите од договорот.
Поради тоа, Техеран истата година им даде рок од 60 дена на европските потписници на договорот од ноември 2015 година, односно Франција, Велика Британија, Германија и ЕУ, да го решат проблемот со американскиет санкции по кои европските компании се повлекоа од вложувањето во иранската економија. Потоа, оценувајќи дека напорите на европските земји не донеле никаков напредок за почитување на договорот од Виена, Иран започна со постепено суспендирање на одредбите од спогодбата кои се однесуваат на неговите обврски. Меѓу нив е збогатувањето на ураниум над дозволените 3,67 отсто, како и најавата за зголемување на иранските резерви од ниско збогатен ураниум над договореното ограничување. Ограничувањата беа договорени за да се спречи Исламската Република да дојде до нивото од кое може да се изработи нуклеарна бомба, во замена за укинувањето на децениските економски и финансиски санкции.