Командантот на иранските поморски сили, адмиралот Хосеин Ханзади, соопшти за градењето и успешното тестирање на прототипот на првото иранско песпилотно летало на реактивен погон под називот „Сеџил“, пренесува во петокот новинската агенција Tasnim.
Командантот на иранската воена морнарица во интервјуто за агенцијата рекол дека прототипот на беспилотното летало со половина од вообичаените димензии веќе било изградено и успешно тестирано од страна на иранското министерство за одбрана. Дронот „Сеџил“ има два млазни мотора и може да достигне брзина од 1.000 километри на час. Покрај тоа, може да биде опремен и со проектили со дострел до 100 километри.
Ханзади додал дека беспилотното летало „Сеџил“ според плановите треба да биде граденот „во блиска иднина“, по што ќе биде ставено во употреба на воено-поморските сили на Иран.