Иран во недела ќе објави суспендирање на нуклеарниот договор, за Роухани одговорни за тоа се Европејците

Иран во недела ќе објави дека ќе го подигне нивото на забогатување на ураниумот на 5 отсто, што е над лимитот поставен со нуклеарниот договор од 2015 година склучен со шест светски сили, најавил ирански функционер, а иранскиот претседател Хасан Роухани одговорноста за тоа ја префрла на еропските потписнички кои не успеале да го ограничат дејството на американските санкции против Техеран откако САД еднострано се повлекоа од договорот.

„Главната објава утре ќе биде подигнувањето на нивото на збогатување (на ураниумот) на 5 отсто, од 3,67 отсто, колку што беше договорено во рамките на договорот“, рекокол за агенцијата Reuters висок ирански функционер кој сакал да остане неименуван.

Иранската полуслужбена новинска агенција Fars објави претходно дека иранскиот преговарач за нуклеарните прашања Абас Аракци ќе објави во недела на прес-конгеренција нови суспендирања од нуклеарниот договор.

Одговорноста за ваквата одлука на Техеран, иранскиот претседател Хасан Роухани во телефонски разговор во саботата со францускиот колега по должност Емануел Макрон ја префрлил вр европските партнери, пренесува телевизијата Al Mayadeen.

„Европската унија треба да дејствува во согласност со своите обрски кои произлегуваат од меѓународните договори и резолуциите на Обединетите нации“, рекол Роухани.

Како што истакнал Роухани, последните потези на Иран „не излегуваат од рамките на нуклеарниот договор и не претставуваат негово кршење“. Притоа јасно дал до знаење дека само укинувањето на сите американски санкции против Иран може да ги принуди Техеран повторно да ги разгледа своите одлуки.

Во разговорот со Макрон, иранскиот челник притисокот што САД го вршат врз Иран го нарекол „тероризам и економска војна“.

Според информациите на телевизијата, во својот одговор францускиот претседател ги повикал сите страни да преземат чекори за зачувување на нуклеарниот договор. Истовремено Макрон потсетил дека Европската унија од самиот почетокот била против едностраното истапување на САД од договорот за иранската нуклеарна програма.

Претходно во саботата, Али Акбар Велајати, советник на врховниот водач на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Техеран ќе ги преземе споменатиот потег, за кој постави рок до 8-ми јули, како одговор на неуспехот на европските партнери да ги исполнат своите обврски од нуклеарниот договор, а од 7-ми јули ќе започлне да го збогатува ураниумот на 5 отсто. Според него, „ваквиот чекор е во интерес на развојот на иранскиот нуклеарен енергетски сектор“.

Во понеделникот Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) информираше дека Иран веќе ја надминал границата од 300 килограми ниско збогатен ураниум, која беше утврдена со нуклеарниот договор. Специјалниот состанок на Советот на директорите на IAEA посветен на развојот на ситуацијата околу иранското нуклеарно досие е закажан за 10-ти јули.

Тензиите меѓу САД и Иран почнаа во мај минатата 2018 година кога американскиот пртседател Доналд Трамп одлучи Вашингтон да се повлече од договорот и повторно ги наметна санкциите кои беа укинати во замена за Техеран да ја намали својата нуклеарна програма. Според овој договор Иран можеше да збогатува ураниум до 3,67 отсто, што е далеку под 20 отсто, колку што достигнувал пред да биде постигнат договорот, а според западните земји од тоа ниво лесно можел да дојде до нивото од кое може да дојде до нуклеарно оружје. Реагирајќи на американските санкции кои го силно го погодуваат неговиот главен извор на приходи од извозот на сирова нафта, Иран во мај објави дека постепено ќе суспендира од своите обврски од договорот.