Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Абас Аракчи истакна дека постои напредок во преговорите на експертско ниво меѓу Иран и „шесторката“ меѓународни посредници, пренесе „АФП“.
„Преговорите продолжија и во текот на ноќта. Земјите успеаа да постигнат напредок во голем број прашања, но да се дефинираат резултати уште е рано“, изјави Аракчи, додавајќи дека во блиско време преговорите можат да продолжат.