Ирански активисти повикуваат на тридевен протест ширум земјата

Ирански активисти повикаа на нов бран протести кои ќе започнат во понеделникот со цел да се создаде економски притисок врз Исламската Република во која траат насилни и смртоносни безредија ширум земјата повеќе од два месеца, за што Техеран ги обвинува западните разузнавачки служби.

Граѓаните преку социјалните медиуми и мрежи се повикани во следните три дена да се воздржат од купувања за да се спречи циркулирањето на парите во иранскиот банкарски сектор кој, со кус период на пауза, е под повеќедецениски санциите од САД кои ги следат нивните сојузници.

Колку што е можно повеќе продавници, особени во градските центри, како што се базарите во големите градови, би требало да останат затворени до средата, сметаат активистите.

Иран го потресуваат протести од средината на септември поради смртта на Махса Амини, 22-годишна иранска Курдка, приведена поради кршење на исламското правили на облекување, поради наводно неколку прамени коса кои и штрчеле од прекрвата позната како хиџаб. Амини починала во полицискиот притвор на моралната милициија, што предизвика протести ширум земјата. Активистите обвинуваат дека девојката починала поради тепање, додека властите, пак, објавија дека починала поради влошување на здравствената состојба од претходни заболувања.

Повикот на новите протести доаѓа веднаш откако иранските власти во текот на изминатиот викенд, како што објави државниот јавен обвинител Мохамед Џафар Монтазери, донеле одлука да ја укинат моралната милиција. Исто така, беше објавено дека ќе биде преиспитан со децении стариот закон кој бара од жените покривање на главата, додека земјата се справува со протестите во врска со строгиот кодекс за облекување во текот на кои демонстраните ги палеа хиџабите и извикуваа антивладини пароли.

Иран ги обвинува своите најголеми непријатели САД и нивните сојузници, во прв ред Велика Британија, Израел и групациите на курдскот и сунитското малцинство во странство надвор од земјата, дека преку своите шпионски мрежи и мејнстрим медиумите влијаеле на организирањето на масовните насилни протести кои официјален Техеран ги нарекува „безредија“.