Соработниците на музејот на уметноста во Обединетите Арапски Емирати, каде што како што се очекуваше ќе биде изложена сликата „Спасителот на светот“ (Salvator Mundi) на славниот Леонардо да Винчи, не знаат каде се наоѓа скапото платно, објави во саботата весникот The New York Times.
Како што пишува весникот, плановите за изложување на споменатата слика во септември во 2018 година во огранокот на парискиот музеј Лувр во Абу Даби „се откажани без објаснување“. Истовремено, во написот се наведува дека одделот за култура и туризам во Абу Даби одбил да ја појасни ситуацијата.
„Вработениет во Лувр во Абу Даби приватно велат дека не знаат каде се наоѓа сликата“, се наведува во текстот објавен во The New York Times. Весникот пишува дека и во парискиот Лувр „не можеле да утврдат каде се наоѓа ‘Спасителот на светот’“.
Во написот се забележува дека оваа информација ја потврдиле лица запознаени со консултациите меѓу претставниците на Лувр во Париз и неговата подружница во Абу Даби. Како што истакнува весникот, француските власти, исто така, се надеваат дека платното ќе биде пронајдено и ќе биде изложено на поставката по повод 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи.
Во написот се цитираат повеќе експерти за сликарството, кои констратирале дека во моментов не е познато каде се наоѓа сликата. Покрај тоа, некои од консултираните стручњаци се соменевале дека автор конркетно на ова платно е да Винчи.
Платното „Спасителот на светот“ беше продадено во ноември 2017 година на наддавање на аукциската куќа Christie’s во Њујорк за 450 милиони американски долари. Според информациите до кои дошол The New York Times, сликата на продажба ја понудил рускиот милијардер Дмитриј Риболоблев, кој во 2013 година го купил делото за 127,5 милиони долари од швајцарскиот трговец со уметнички дела Ив Бувие. Весникот тогаш објави оти дознал дека нов сопственик на платното станал саудискиот принц Бадр бин Абдула бин Мохамед бин Фархан ал-Сауд. Подоцна претставниците на Christie’s рекоа дека сликата била продадана на Одделот за култура и туризам во Аби Даби.
Огранокот на Лувр во Абу Даби беше отворен за широката јавноста во ноември минатата 2018 година. Во него се изложени околу 600 уметнички дела, од кои многу се позајмени, меѓу другите и од тринаесет франциски музеи – Лувр, Центарот Жорж Помпиду, Версај и други.