Сеуште се трага по шестгодишното девојче кое исчезна вчера во невремето што го зафати ттеовскиот регион, а утрово исчезна 61-годишен маж Р.Ј. од тетовското село Лисец.
Според официјани информаии од МВР , по вчерашното невреме проследено со обилен дожд, електрични празнења и ветер, животот го загубија четири лица.
Хашим Ф.(83) од село Шипковица, А.М.(14) од село Шипковица, две деца, едното на возраст од седум години од Тетово и другото дете на возраст од една и пол година од село Шипковица.
Безживотните тела на Хашим Ф, А.М. и детето на возраст од една и пол година пронајдени се во село Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете пронајдено е во селото Голема Речица.
Во вчерашното невреме, исто така со тешки и телесни повреди се задобиле и 11 лица, најмногу од селата Шипковица, Селце, Џепчиште и Мала Речица.
Дел од нив задржани се во тетовската клиничка болница за натамошна опсервација, а дел се пуштени на домашно лекување. Невремето, предизвика излевање на повеќе реки во подножјето на Шар Планина, а предизвика и значителни материјални штети.
Телата на починатите по силното невреме во тетовско се пронајдени. Засега исчезна девојче како и возрасен маж. Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома, информираа од полицијата.
Поплавите во тетовско,освен што однесоа човечки жртви, напавија и голема матаријална штета.
Град Скопје рано утринава обезбеди помош за Тетово. Во градот се испратени тим на лица, техничка помош и механизација за справување со поплавите.
Испратена механизација за справување со поплавите
Градот Скопје испрати две цистерни за влечење вода и седум цестерни за носење вода од ЈП „Водовод и канализација” и ЈП „Kомунална хигиена”, три противпожарни возила опремени со моќни пумпи за испумпување вода, како и неколку моторни пумпи со голем капацитет за испумпување вода.
Екипа од над 70 лица на терен во Тетово
Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е и екипа од над 70 лица, составена од пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, поголем број лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија на Град Скопје.
Од Град Скопје соопштуваат дека Штабот за заштита и спасување ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош за Тетово.