Исчезнат тетовец пронајден мртов

Жител на тетовското село Стрмница, кој билпријавен за исчезнат, билпронајден мртов, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 13.15 часот во близина на село Сараќино, М.К. (65) од селото пријавил дека во реката Вардар имало заглавено тело на машко лице. Полициски службеници извршиле увид на местото и констатирале дека се работи за лицето Г.Ш. (91) од село Стримница.

Тој на 17.05.2018 година бил пријавен за исчезнат. Лекар од судска медицина извршил преглед над телото и констатирал дека нема траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.