Исчезната малолетничка од Скопје

Нов случај на исчезната малолетничка во Скопје – Триесет и четиригодишната С.И. во полициската станица Бит Пазар вчера пријавила дека претходниот исчезнала нејзината шестнаесетгодишна ќерка.

Од МВР информираат дека преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Изминатиов месец во најголем дел од исчезнувањето станува збор за малолетници.

Последен е случајот со исчезнувањето исто така на малолетна девојка од Скопје.

Во последно време исчезнувањето е се почеста појава, особено кога станува збор за малолетната популација.

Мотивите за исчезнувањата се уште се непознати, но статистиките покажуваат дека најчесто причина за тоа се интензивирањето на трговијата со луѓе, меѓутоа во некои случаи тоа можат да бидат и обичните домашни расправии.

 

 

На овој случај на исчезната малолетничка му претходат низа други случаи.