Исчезнал мистериозниот монолит од американската пустина

Мистериозниот метален монолит неодамна откриен во оддалечената пустина на западот на САД, кој поттикна дискусии на национално ниво како се нашол таму, наводно исчезнал, соопштија локалните власти во саботата.

Бирото за управување со земјиштетот на Јута соопшти дека примил „веродостојни извештаи“ за тоа дека во петокот ноќта монолитот е отстранет, но дека не се знае кој го отстранил.

Бирото „не ја остранило структурата која се сметаше за приватна сопственост“, се наведува во соопштението. „Не истражуваме прекршоци кои вклучуваат приватна сопственост, а со кои се занимава бирото на локалниот шериф“, додаваат.

Блескавата тространа призма која се извишуваше 3,5 метри над црвената почва на југот на сојузната држава Јута на 18-ти ноември годинавата ја забележале збунети локални работници додека од воздух ги пребројувале овците.

Откако се спуштиле со хеликоптерот, припадниците на Одделот за јавна безбедност во Јута пронашле „метален монолит забиен во почвата, но без очигледни индиции кој би можел таму да го постави“.

Веста за ова откритие набрзо го обиколи светот, додека многумина забележуваат дека објектот наликува на необичните вонземски мионолити во научно-фантастичниот класик на Сенјли Кјубрик, „Одисеја во Вселената“.

Иако властите одбија да ја откријат точната локација на објектот, поради стравувања дека нема да можат да се справат со ордите љубопитници и научници аматери кои би се упатиле кон далечната пустина, некои истражувачи успеаја да го пронајдат монолитот.

Тие оценија дека наликува на авангардното дело на Џон Меккракен, американски уметник кој извесно време живеел во сојузната држава Њу Мексикот, а кој починал во 2011 година.