Адвокатот на поранешниот директот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, во четвртокот во изјава зе новинарите медиумите најави кривична пријава доколку не биде пронајдена жалбата на неговиот клиент.
Како што истакна адвокатот Сашо Дукоски, Чавков своерачно на 60 страници ја напишал жалбата на 18-годишната пресуда во случајот за настаните во Собранието 27-ми април 2017-та, меѓутоа таа не стасала до Апелациониот суд Скопје, и денеска не беше вброена во предметот со сите други жалби на адвокати и обвинети.
„За тоа што на Чавков му се става на товар дека не издал наредба за дополнителни полициски сили во Собарнието, надлежно било СВР Скопје“, посочи меѓу другото во изјавата Дукоски појаснувајќи дека Чавков воопшто немал таква надлежност.
Одбраната бара укинување на првостепената пресудата со која добија 16-мината обвинети за „терористичко загрозување нау ставниот поредок и безбедноста“ добија од 7 до 18 години затвор. Според нив, пресудата изречена од судијката Добрила Кацарска е нејасна и оти се направени клучни повреди на постапката пред Кривичниот суд.
Следните денови образложение на жалбите ќе дадат и обвинетите по што судот ќе треба да донесе одлука дали ќе ја потврди, ќе ја преиначи првостепената пресуда или, пак, предметот ќе го врати на повторно одлучување.