
МВР информираше дека вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, 18-годишниот А.С. од село Ласкарци, скопско, пријавил дека околу 20:40 часот во автобус бр.56, во близина на автобуска постојка во село Буковиќ, скопско, бил физички нападнат од А.Б. и уште две лица, сите од село Копаница, скопско.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.