Велешанецот Панче Жежовски, кој е пријавен за исчезнат минатата среда (22 ноември, е пронајден починат во близина на Велес.
Како што јави обвинителството, исти лица стојат зад убиствата на 74-годишниот фризер Панче и на 14-годишната Вања Ѓорчевска, која доцна попладнево беше пронајдена мртва во Скопско.
Еден од осомничените за убиството е надвор од Македонија, а Обвинителството бара притвор за тројца, од петтемина приведени во петокот доцна вечерта поради случајот со девојчето Вања, кое, за жал, вечерва беше потрвдено дека е убиено.