
Италијанскиот премиер Џузепе Конте во вторникот најави нови мерки против ширењето на заразата со коронавирусот откако во Италија е забележан 5.901 случај, најмногу од крајот на март.
Во Италија во последните 24 часа е забележан 5.901 случај на заразата, најголем показател од крајот на март кога беа затворени продавниците, рестораните и повеќето работни места. Со тоа, Италија од почетокот на епидемијата во февруари забележа досега вкупно малку над 366.000 случаи на зараза со коронавирусот.
Секојдневно се зголемува и бројот на починатите од компликациите предизвикани од Covid-19. По вчерашните 39, во вторникот е забалежан уште 41 починат, но тоа и натаму е многу помала бројка отколку кон крајот на март и почетокот од април кога умираа и над 900 луѓе дневно. Севкупно Италија досега забележа речиси 36.300 смртни исходи.
Италијанската влада втпорпат оваа седмица ги заострува мерките, иако состојбата во земјата е помалку сериозна отколу во другите европски земји, како што се Велика Британија и Шпанија, на пример.
„Мораме да избегнеме вовлекување на земјата во целосно ‘заклучување’, економијата брзо ќе започне да расте“, изјави премиерот Џузепе Конте прес-конференција.
Со владиониот декрет, кој стапува на сила по 24 часа а ќе важи следните 30 дена, се забрануваат забави во ресторани, клубови и на отворени простори. На граѓаните им се препорачува да не организараат забави во своите домови и да не примаат на гости повеќе од шест лица во исто време. На венчавките и другите церемонии дозволено е присуство на најмногу 30 лица со почитување на епидемиолошките мерки.
„Нема да испраќаме полиција во домовите на граѓаните“, рече Конте и одговори на бројните критики дека владата неоправдано сака да го контролира однесувањето на граѓаните во нивните домови.
Носењето маски се препорачува и во домовите кога ќе дојдат гости. Рестораните и баровите може да работат до полноќ, но по 21 чаост смеат да ги послужуваат само оние кои седат на маса. Со тој потег се сака да се спречат големите собири на терасите. Училиштата остануваат отворени, но се намалува бројот дозволени вонучилишни активности.