Италија ѝ нуди на Германија прифаќање на заболените со Covid-19 за кои е потребна интензивна нега

ANSA/MAYTTEO BAZZI

Северниот италијанскиот регион Ломбардија понуди прифаќање на пациентите заболени од коронавирусната болест Covid-19 од Германија за коишто е неопходната интензивна нега, објави во петокот потпретседателката на регионалната влада Летиција Морати.

На својот профил на Facebook, Морати напиша дека германските болници се во вонредна состојба и дека на одделите за интензивна нега им се заканува колапс. Се осврни и на помошта којашто Германија во пролетта 2020 година ѝ ја пружи на Италија.

„Сметам дека е сосема соодветно и дека е наша должност да ѝ се понуди на Германија примање на пациентите во нашите болници, пружање сместување и интензивна нега“, вели Морати.

Наведува, исто така, дека веќе ѝ наложила на јавната управа за социјална нега во Ломбардија да преземат мерките во оваа смисла,

Националната агенција за медицински услуги во регионот, пренесува дека во Ломбардија само 4 отсто од креветите на одделите за интензивна нега биле зафатени во петокот.

Кога станува збор за национално ниво, пак, само 6 отсто од капацитетите на одделите за интензивна нега во Италија биле пополнети во петокот. Минатата седмица покраината Јужен Тирол прими два пациента од Фрејсинг во соседната германска сојузна покраина Баварија.

Во текот на првиот бран на коронавирусот во Европа зимата и пролетта 2020 година, одделите за интензивна нега во северна Италија, особено во градот Бергамо во регионот Ломбардија, покрај големиот број смртни исходи, беа преоптоварени. Светот беше вознемирен од фотографиите од транспортот на ковчезите со починатите со воени возила се изнесувани од градот поради немањето простор на локалните гробишта. Во тоа време, Германија презема 44 италијански пациенти на кои им беше неопходна интензивна грижа.