Италијанската левица и Пет ѕвезди почнуваат разговори за нова влада

ANSA/ETTORE FERRARI

Антиестаблишмент и евроскептично Движење пет ѕвезди (М5Ѕ) и левичарската Демократска партија (PD) се двете политички сили кои ќе се обидат да ја формираат новата италијанска влада откако таа крахираше претходно седмицава, а во петокот ќе го одржат првиот круг од преговорите.

Сојузот меѓу М5Ѕ и PD се смета за единствена можна алтернатива за предвремените избори на коишто, според сите истражувања на јавното мнение во Италија, би победила десната партија Лига на вицепремиерот и министер за внатрешни работи во заминување, Матео Салвини.

Челникот на PD, Никола Ѕингарети доцна вечерта во четвртокот рече дека „дефинитивни треба да почнеме да работиме“ на листата од десетте приоритетит кои ги предложи лидерот М5Ѕ, Луиџи Ди Мајо.

Ди Мајо во петокот за миланскиот дневен весник Corriere della Sera рече дека „првата точка“ е прифаќањето на нацртот за уставната реформа за намалување на бројот на пратениците во италијанскиот парламент. Неговата партија, формирана како протесно движење коешто меѓу другото ги критикуваше и италијанските политички институции како прегломазни и кроумпирани, оваа реформа ја смета за клучна. Уште кога се надѕираше распадот на коалицијата меѓу М5Ѕ и Лига, Салвини навести дека неговата партија може да се согласи со ваквата реформа.

Италијанската новинска агенција ANSA пишува во петокот дека претставниците на М5Ѕ и PD, но не и лидерите Ди Мајо и Ѕингарети, ќе се сретна во 14 часот по локално време. За решавањето на политичката криза во Италија ќе одлучува претседателот Серџо Матарела кој мора да оцени дали ќе именива нова влада или ќе го распушти парламентот и ќе распише предвремени избори. Во четвртокот, по првиот круг консултации со политичките челници, изјави дека ќе одржи уште еден круг, во вторник, по што ќе ги „донесе заклучоците и потребните одлуки“.